Најмалку седум луѓе загинаа во судири во Бангладеш додека граѓаните излегуваат на избори во државата, во која предизборната кампања беше обележана со насилства.

Властите во државата наредија прекин на брзиот Интернет за сите до затворање на избирачките места, за да се спречи ширење гласини што може да предизвикаат немири.

Се очекува актуелната премиерка Шеик Хасина да освои трет мандат по ред. Партијата Лига Авами на премиерката, го води Бангладеш од 2009 година.

Нејзината долгогодишна соперничка, лидерот на опозицијата Халеда Зиа е во затвор поради обвинувања за корупција во оваа година и е оневозможено да учествува на изборите. Таа тврди дека тоа е поитички мотивирана одлука.