Потрагата по авионот на компанијата „Малезија ерлајнс“ МХ370, која 90 дена ја спроведуваше приватна американска фирма, денеска и официјално заврши.  По малезискиот авион трагаше компанијата „Оушн инфинити“ со седиште во Хјустон.

Авион со 239 патници и членови на екипаж исчезна од радарите на 8 март 2014 година на летот Куала – Лумпур-Пекинг, потесетува Би-Би-Си. Во авионот беа 153 лица од Кина, 38 од Малезија, а останатите од Иран, САД, Канада, Индонезија, Австралија, Индија, Франција, Нов Зеланд, Украина, Русија, Тајван и Холандија. Сите 12 членови на екипажот беа од Малезија.

Ова беше една од најобемните потраги во историјата на авијацијата, а пребарани се повеќе од 120.000 километри квадратни од Индискиот Океан. Делови од урнатиот авион се пронадени дури во Мадакаскар, но никогаш не е пронајден трупот на авионот.

Официјалната истрага, во која учествуваа тимови од Австралија, Малезија и Кина, заврши во јануари минатата година. 

Исчезнувањето на овој авион се смета за една од најголемите мистерии во авијацијата.