Кина ќе тера по свое. Нејзината одлука да го воведе новиот закон за национална безбедност во Хонгконг ја означува кулминацијата на повеќегенерациската заложба за повторно стекнување на контрола над поранешната британска колонија, наведува Си-ен-ен. Ова е клучна точка во меѓународните односи и доказ дека Пекинг е самоуверен во сопствената моќ за да ги прифати глобалните последици.

Кина отсекогаш го гледаше Хонгконг како исклучиво внатрешно политичко прашање, а нејзиното колонијално понижување во Опиумските војни, откако Хонгконг потпадна под власт на Британската империја, значеше многу повеќе отколку формулата „една држава, два система“ која беше договорена во 1997 година, кога територијата беше вратена под кинеска управа.

Кинескиот закон за национална безбедност воведен во Хонгконг му дава на Пекинг средства да ја укине автономијата која оваа територија ја уживаше од 1997 година и враќањето под кинеска управа, пишува „Фајненшл тајмс“. Законот предвидува гонење на криминалните дела како што се субверзијата, противдржавното делување, тероризмот и соработката со странските сили. Овие прекршоци би можеле да бидат казниви со доживотен затвор. Тие се штуро дефинирани, со што, потенцијално би можеле да се однесуваат и на повеќе форми на политички говор и на организирање.

Властите во Кина и во Пекинг го бранат законот како неопходен одговор по едногодишните демонстрации и граѓански немир, всушност поттикнати од стравувањата дека Пекинг сака да стави крај на автономијата на Хонгконг.

Кинеските власти очигледно се решени да го конформираат Хонгконг. Формулата „една држава, два система“ која се однесуваше на Хонгконг од 1997 година со меѓународните договори, делува дека е завршена – гледиште потенцирано преку начинот на кој законот за национална безбедност беше напишан и воведен од Пекинг, без вклученост на властите и судството на Хонгконг.

Ограничувањето на слободите на Хонгконг отворија прашања за странските држави и бизнии за нивните идни односи со Хонгконг и со Кина. Администрацијата на Доналд Трамп е во право да заклучи дека автономијата на Хонгонг ефективно престанува да постои и дека ова ќе има јасни импликации врз трговските привилегии на градот според американските закони. Соопштенијата на водечките луѓе на ЕУ, пак, беа благи и недоследни.

Вашингтон и Брисел претходно ја предупредија Кина дека ќе поттикне сериозни економски последици. А Пекинг не беше одвратен од можноста за компликации за неговите големи компании како што е „Хуавеи“ или за евентуалното губење на богатите странски инвестиции.