Растечката закана од тероризам поттикнат од екстремно десничарска идеологија за првпат во историјата ќе биде вклучен во предупредувањата за закани во Велика Британија, пренесуваат британските медиуми.

Досега, предупредувањата кои го покажуваа нивото на закана за јавноста земаа во предвид можност од напади само од исламистички екстремисти. Оваа промена доаѓа откако властите препознале дека постои зголемена можност за напади од екстремни десничари, по убиството на 50 верници во две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд, во март оваа година.

Истиот месец, во јавноста се појавија информации дека четири од 18-те терористички планови кои беа сузбиени во Велика Британија во минатите три години биле планирани од луѓе поттикнати од екстремно-десничарска идеологија.

– Нашиот пристап за стопирање на терористи е ист, без разлика од изопачената идеологија која ги мотивира – рече британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид.