Брод на американската крајбрежна стража истоварил во Сан Диего, на западниот брег на САД, голема количина запленет коакин од криумчари во Пацификот.

Над 11.790 килограми запленет кокаин било истоварено вчера од бродот на крајбрежната стража. Како што се проценува, од крајот на јуни до средината на јули, кај Мексико и Централна и Јужна Америка, запленет е кокаин во вредност од 350 милиони долари од бродови или собран како плови по океанот.

Властите објавиле видео снимка, на која се гледа како вчера од чамец била фрлена дрога во океанот.

Американската крајбрежна стража оваа година запленила над 104.000 килограми кокаин и привела повеќе од 400 осомничени криумчари во зоните каде поминува дрога во источен Пацифик.