Себастијан Курц (35) неодамна соопшти дека се повлекува од функцијата за да ја смири политичката криза предизвикана од најавите на обвинителите дека е еден од целите во истрагата за наводен поткуп и повреда на довербата. Зелените, кои се помал коалициски партнер на Курц, побараа негова замена, а тој негираше каква било вмешаност.
Курц и неговите најблиски соработници се обвинети дека се обиделе да го обезбедат неговиот подем во раководството на неговата партија и државата со помош на манипулирани анкети и пријателски медиумски извештаи финансирани со народни пари. Курц стана лидер на неговата Австриска народна партија, а потоа канцелар во 2017 година.
Иако се повлекува од канцеларската позиција, тој ќе ја задржи својата лидерска улога во партијата и станува шеф на нејзината парламентарна група што ќе го држи во центарот на австриската политика додека се бори против обвиненијата за корупција.