Ким Јонг-ун и Денис Родман

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун е голем љубител на кошарка. Триесет и петгодишниот лидер порасна гледајќи ги натпреварите на Мајкл Џордан и Чикаго булс во 90-тите години на минатиот век, а неговата љубов кон кошарката опстана и откако тој го започна својот мандат како врховен лидер, пренесува магазинот „Ролинг стоун“.

Ким Јонг-ун дури сакаше да направи договор со поранешниот славен кошаркар на булс, Денис Родман, повикувајќи го да ја посети Северна Кореја пред да се одржи самитот на кој тој се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп минатиот јуни.

Но, Родман, наводно, не бил доволен за лидерот кој е голем обожавател на кошарката. Еј-би-си њуз минатиот четврток пренесе дека Ким, наводно, побарал од САД во Северна Кореја да бидат испратени познати кошаркари со цел да се регулираат односите помеѓу двете земји. Според властите, барањето било рачно напишано пред да се одржи вториот самит помеѓу Ким и Трамп во Виетнам, во февруари годинава. Ким дури инсистирал кошаркарите, кои ќе бидат испратени како дел од културна размена, да бидат исто така споменати во заедничкиот извештај за денуклеаризацијата. Таквиот извештај, сепак, не се случи, поради тоа што Трамп ненадејно ги напушти преговорите без објаснување.

Иако САД не веруваат дека Северна Кореја планира да го исполни својот дел од договорот, Трамп продолжува да го величи пријателството со севернокорејскиот лидер на социјалните мрежи.

– Се на овој интересен свет е можно, и верувајте ми дека Ким Јонг-ун целосно го разбира големиот економски потенцијал на Северна Кореја и не би направил чекор што ќе го наруши или заврши тоа. Тој исто така знае дека јас го поддржувам и дека не би го прекршил ветувањето кое ми го дал. Договорот ќе се случи – напиша Трамп на социјалната мрежа Твитер.

Зборовите на Трамп доаѓаат веднаш откако Северна Кореја минатиот четврток лансираше два проектила со краток дострел во Јапонското Море, како и дополнителни два во Источното Море. Претходно, Северна Кореја не испали ниеден проектил во период со времетраење од 500 денови. 

За жал, Кевин Дурент можеби нема да биде достапен неколку недели. „Воините“ ги победија „ракетите“ минатата среда и се поблиску до петтото последователно финале на НБА.