Две лица се заразени со коронавирус во Франција, потврди тамошната министерка за АФП. Француската министерка за здравство, Агнес Бузин изјави дека во Франција се пријавени два случаи на инфекција од коронавирусот.

Еден од случаите е потврден во Бордо, а друг близу Париз. Бројот на заразени со новиот вид коронавирус во централна Кина се искачи на повеќе од 800 лица, а 26 починаа.

Кинеската провинција Хубеј, во која се појави вирусот, побара поголема финансиска помош од државните власти. Досега, јавниот превоз е суспендиран во 11 градови во провинцијата Хубеј.

Градот Вухан ја забрза изградбата на новата болница со илјада кревети за болните. Новиот вирус припаѓа на групата вируси што предизвикуваат САРС, болест од која загинаа 800 луѓе ширум светот пред 17 години и исто така започна да се шири од Кина.

Во САД регистриран е бтор случај на инфекција со коронавирус, соопшти денеска американскиот Центар за контрола и превенција на болести.