Кинеските власти денес објавија за стотици нови заразени лица од коронавирусот во затворите низ целата земја. Станува збор за откритие што не ги поткрепува напорите на владата во борбата со смртоносната епидемија, пренесуваат светските медиуми.

Повеќето затвори пријавиле безмалку 500 нови случаи, значителен дел од повеќе од 1.100 нови случаи пријавени денес во континентална Кина. Тестирањата во затворот во источната провинција Шандонг покажале дека 207 од 2.077 затвореници и персоналот се заразени, а секретарот за Комунистичката партија за правосудство во провинцијата бил разрешен како резултат на тоа.

Во затворот во провинцијата Џеџанг се пријавени 34 нови случаи. Денес провинцијата Хубеи која се наоѓа во центарот на епидемијата соопшти дека откриени  нови 220 случаи во затворите.