Бројките на БДП во земјите низ светот за првиот квартал од 2020 година полека се придвижуваат, додека влијанието врз економиите во државите што го предизвика коронавирусот е доста катастрофално. Јужна Кореја неодамна соопшти дека нејзиниот БДП опаднал за 1,4 процент во првиот квартал од годинава во споредба со 2019 и покрај тоа што презеде економски мерки за пандемијата.

Земјата од Источна Азија не ја затвори својата економија целосно како резултат на коронавирусот и беше успешна во справувањето со оваа болест со комбинација на методите за распространето тестирање, ригорозно следење на контактите и затворањето на некои институции, како училиштата. Од друга страна, Сингапур не беше толку среќен и неговата економија и БДП брутално се намалија за 10,6 проценти во месеците меѓу јануари и март. Историскиот и невиден пад на кинескиот БДП од 6,8 проценти направи насловни страници низ целиот свет.

Во исто време, централните банки во Франција и во Италија прогнозираат квартални загуби помеѓу 5 и 6 проценти, а двете прогнози беа направени кон средината на април. Додека, пак, во Велика Британија и САД и нивните национални банки го прескокнаа ажурирањето за нивните предвидувања, но различни експерти очекуваат дека американската економија ќе има пад со 5-10 проценти, а економијата на Британија ќе има пад од 13 проценти во БДП за првиот квартал од 2020 година.