Сослушувањето на основачот на „Викиликс“, на кое треба да се одлучи дали тој ќе биде екстрадиран во САД, е одложено поради пандемијата на вирусот ковид-19, а следното ќе биде одржано најрано во ноември.

Асанж е обвинет во САД за голем број престапи, вклучително и шпионажа.

Одложување на постапката побара одбраната на Асанж, која тврди дека постапката е медицински опасна, пренесува „Раша тудеј“.