Лондонската полиција уапси едно лице, а околу Багингемската палата е поставен кордон, откако во близина било паркирано едно сомнително возило.

Маж на возраст од 30 години бил приведен под сомнеж дека го нарушувал јавниот ред и мир.

Станува збор за бело комбе, кое е паркирано веднаш наспроти палатата.

– Улицата е затворена за сообраќај и поставени се кордони. Полиција го претресува возилото – изјави портпарол на британската полиција.