Најмалку седум лица загинаа, а 10 се ранети во престрелка која во вторникот се случи во затвор во Гватемала, соопшти полицијата.

Затворот се наоѓа на околу 17 километри источно од градот Гватемала, објави агенцијата АП.

Сите жртви се затвореници, а затворската управа во вторникот речиси осум часа немала контрола над затвотот.

Во овој затвор има 4.137 затвореници, иако објектот е изграден за 900 затвореници.

Камило Жилберто Моралес, директор на затворскиот систем во Гватемала, изјави дека пукањето во еден дел од затворот било резултат на караница меѓу затворениците.

Според него, избил конфликт меѓу пијани затвореници, а полицијата и натаму собира информации за инцидентот.