Украинците в недела гласаат на првиот круг од претседателските избори, на кои нов мандат бара актуелниот шеф на државата Петро Порошенко. Анкетите покажуваат дека ниту еден кандидат нема да обезбеди 50 отсто гласови потребни за победа во првиот круг, па гласачите на 21 април ќе треба да избираат меѓу двајцата кандидати со најмногу освоени гласови во првата рунда.

Телевизискиот актер Володимир Зеленски (41), кој игра токму шеф на државата во популарната серија „Слуга на народот“ ја предводи трката за претседател. Зад него се актуелниот претседател Порошенко и бившата премиерка и лидерка на Портокаловата револуција Јулија Тимошенко. Зеленски тврди дека неговото политичко неискуство е предност во ситуација кога гласачите се изневерени од традиционалните политичари. Според анкетите, 25,5 отсто од гласачите гледаат победа на Порошенко, 25,1 отсто на Зеленски, а 12,5 отсто на Тимошенко.