Комбе се заби во авионот на германската канцеларка Ангела Меркел на аеродромот во Дортмунд, пишуваат германските медиуми.

Според „Билд“, Меркел пред инцидентот била во комбето и разговарала со жената која била зад воланот, која, најверојатно, од возбуда дека разговара со канцеларката, излегла од возилото и заборавила да ја крене рачната кочница.

Така, како што пишува „Билд“, комбето „рено“, без возач, удрило во авионот „бомбардер глобал 5000“ на германската влада.

Возилото го оштетило авионот, а во инцидентот што се случил вчера никој не е повреден. Со оглед на тоа дека авионот е оштетен, Меркел морала да се врати во Берлин со хеликоптер.