ОЕЦД го објави својот најнов економски извештај вчера и ги претстави прогнозите за влијанието на пандемијата од ковид-19 врз светскиот БДП во 2020 година. Претпоставувајќи дека ќе нема втор бран на зарази до крајот на годинава, сега се очекува БДП да се намали за шест отсто во однос на лани. Доколку имаме сценарио со втор бран на болеста, тогаш се предвидува пад од 7,6 отсто. Како дополнително појаснување, ОЕЦД порача дека „пандемијата на ковид-19 е светска здравствена криза од невидени размери во поновата историја. Таа предизвика најтешка економска рецесија во речиси еден век и предизвика огромни штети по здравјето, работата и добросостојбата на луѓето“. Како што покажува и инфографикот, ако нема втор бран на зарази, ниедна држава нема да биде погодена како Велика Британија. За неа се предвидува пад од 11,5 отсто. Кина, како првиот епицентар на заразата, се очекува да има речиси незначителни штети по економијата, со пад од само 2,6 отсто. САД се некаде на средината, со намалување на економијата од 7,3 отсто.