Кога станува збор за образованието, не само што има огромни разлики во нивото на образовни постигнувања во светот туку и во количествата ресурси што една држава ги троши на инвестиции во секторот. Според најновиот извештај на ОЕЦД, Норвешка е една од државите што одвојуваат најголем удел од 6,7 отсто од својот БДП за образованието, а тука спаѓа и терцијарниот сектор. Од другата страна на спектарот на анализирани држави е Русија, која троши само 3,4 отсто.
Како што беше истакнато во извештајот на ОЕЦД, „подготвеноста на политичарите да го прошират пристапот до образовни можности и да обезбедат висококвалитетно образование може да се претвори во повисоки трошоци по ученик или студент и мора да биде урамнотежено со другите барања за јавните трошоци и целокупниот даночен товар. Како резултат на тоа, прашањето дали ресурсите наменети за образованието даваат соодветни резултати силно се истакнува во јавната дебата. Иако е тешко да се оценат оптималните ресурси што се потребни за да се подготви еден ученик или студент за животот и работата во современите општества, меѓународните споредби на трошоците за образовните институции по ученик или студент може да обезбедат корисни појдовни точки“.