Европската агенција за борба со наркотици го претстави својот годишен извештај во кој се нагласува зголемена употреба на кокаин во ЕУ.

Во 2016 година околу 1,3 милиони граѓани на ЕУ биле лекувани поради употреба на наркотици.

Кокаинот останува најупотребувана дрога во Европа.

Во изминатата година во ЕУ го користеле 2,3 милиони луѓе на возраст од 15 до 34 години, јави БТА.

Иако цената на кокаинот се менува, во 2016 година малопродажбата  на наркотици достигна највисоко ниво во последната деценија. Во таа година  70,9 тони кокаин се продадени во ЕУ. Најголема дистрибуција на кокаин во Западна Европа има во Белгија, Холандија, Шпанија и Велика Британија.

Извештаите покажуваат дека се повеќе се употребуваат наркотици произведени во ЕУ наместо увознио и во истиот момент европското производство на синтетички наркотици се проширува.

Според официјалните извештаи еден процент од Европејците на возраст од 15 до 64 години пушат секојдневно марихуана.

Во изминатите четири години во ЕУ расте бројот на смртни случаи од предозирање. Во 2016 година во ЕУ, Турција и Норвешка биле пријавени над девет илјади случаи главно предизвикани од хероин.