Владините противници повеќе се плашат од вооружените групи Колективос отколку од полицијата, но според Мадуро, вооружените банди се „ангели на социјализмот“, известува „Ал џезира“.

Лидерот на венецуелската опозицијата, Хуан Гваидо, се појавил на митинг на стотици поддржувачи минатиот месец во Сан Бернардино, соседство од средна класа во Каракас.

Локацијата на која Гваидо требало да оддржи говор се наоѓала на крајот на долга тесна улица, каде што биле собрани мажи, жени и деца. Кратко откако пристигнал Гваидо, местото било зафатено од солзавец фрлен од страна на маскирани и тешко вооружени моторџии.

Организаторот на собирот ѝ се обратил на толпата да остане смирена и да не трча бидејќи имало голем број на стари луѓе и мали деца.

Веднаш штом солзавецот се расчистил, Гваидо се качил на сцената. Во тој момент уште повеќе моторџии започнале да повторно да фрлаат солзавец со цел да го исплашат. Немало жртви и повредени.

Жителите на Венецуела ги нарекоа овие несекојдневни вооружени банди Колективос, додека комисијата за човекови права на ОН ги опиша како паравоени сили кои му се лојални на претседателот Николас Мадуро.

Владините противници и демострантите се плашат повеќе од нив отколку од полицијата или националната гарда.