Американскиот претседател Доналд Трамп знаеше дека исплатите на жените за возврат за молчење за наводни интимни врски со него за време на изборната кампања во 2016 година беа неправилни, изјави неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен во интервју за телевизијата Еј-Би-Си.

– Трамп ми нареди да ги направам тие исплати, рече Коен.

Тој беше осуден во средата на три години затвор за прекршување на законот за финансирање предизборни кампањи и други обвиненија.

На прашањето дали Трамп знаел дека исплатите за Сторми Даниелс и Карен Мекдугал се погрешни, Коен потврди.

– Се разбира. Трамп го стори тоа бидејќи тој беше многу загрижен за влијанието што тврдењата на двете жени може да го има на изборите. Бев лојален на личност која не заслужува лојалност, рече Коен.

Трамп вчера нагласи дека никогаш не му наредил на Коен да го прекрши законот.

– Никогаш не сум сакал Мајкл Коен да го прекрши законот. Тој беше адвокат и треба да го познава законот. Коен беше прогласен за виновен по неколку обвиненија и тоа нема никаква врска со мене, напиша амеиканскиот претседател на Твитер.