Единствената клиника специјализирана за еутаназија во Холандија – првата земја што ја легализираше оваа пракса, минатата година примила над 3.000 барања, што е за 22 проценти повеќе од 2018 година.

Центарот за еутаназија во Хаг наведува дека лани примил 3.212 барања, од кои прифатени биле околу 900.

– Секоја недела, 13 луѓе доаѓаат кај нас велејќи: „Помогнете ми. Не можам повеќе вака’“ – вели директорот на клиниката Стивен Плејтер, пренесува АП.

Најмалку двајца лекари мора да потврдат дека не постои друго разумно решение за пациентот и дека неговото или нејзиното страдање е неподносливо и без никаква надеж за подобрување.

Конечната одлука за еутаназија е резултат на комплексен процес што вклучува исцрпни дискусии со пациентот, анализа на медицински досиеја и законска проверка на постапката.

Холандија ја легализираше еутаназијата во 2002 година, по што тоа го направи и Белгија.