За време на протестот во Лондон, активистите за климатски промени искористија противпожарно возило за да ја испрскаат фасадата на британското Министерство за финансии во Лондон со црвена боја.

Активистите се возеле до министерството во противпожарно возило и со црево за гасење пожар ја испрскале зградата со црвена боја, пренесува „Ројтерс“.

Демонстрантите, наводно, во еден момент изгубиле контрола врз цревото.

Четворица активисти се качиле на возилото на кое имало транспарент „Престанете да финансирате климатска смрт“.

Приодот кон зградата бил натопен со црвена боја, пренесува агенцијата.