Американскиот инвестициски фонд ККР ќе ја купи компанијата за медицински услуги Енвижн хелткеа (Envision Healthcare Corp) за околу 9,9 милијарди долари.

ККР, кој е присутен и во регионот на Западен Балкан, ќе плати 46 долари по акција според договорот кој би требало да биде склучен во четвртото тримесечие.

Вкупната цена ги опфаќа и долговите на компанијата.

Енвижн, со седиште во Нешвил, претходно најави дека ќе ги преиспита своите можности, а денеска соопшти дека управниот одбор и финансиските советници ја разгледале продажбата и можноста за самостојно делување. Притоа, оценето е дека договорот со ККР е најдобрата можност за максимизирање на вредноста на акционерите.

Енвижн дава медицински услуги во одделенија за итна помош, анестезиологија и радиологија. Поседува повеќе од 250 хируршки центри и болници.