Грбав кит долг најмалку пет метри денеска бил забележан во реката Темза кај Лондон, речиси една година кога во близина на британската престолнина беше забележана белуга.

-Ние сме 99,99 проценти сигурни дека се рабори за грбав кит. Многу луѓе го видоа – рече портпаролот на лондонската служба која ја надгледува реката.

Белугата што се појави во Темза пред една година, го доби името Бени, а покрај бреговите на Лондон живееше речиси три месеци, потсетува „Ројтерс“.

-Ова сега не е Бени бидејќи не е белуга – појасни портпаролот.

Грбавите китови, кои некогаш масовно биле ловени за нивната високо ценета маст, може да достигнат тежина до 40 тони и да пораснат до 18 метри.