Кипар им даде согласност на САД на нивната територија да распоредат тим за брза интервенција, за случај на евакуација на американските дипломатски мисии и американските државјани од регионот ако тоа биде потребно, изјави портпаролот на кипарската влада, пренесува „Катимерини“.

Кипар соопшти дека добил барање од САД да распореди свој тим за итни интервенции во случај на потреби, како одговор на растечки тензии меѓу САД и Иран.

– Кипар даде согласност за привремено распоредување на земјата на американски тим за итни интервенции, кои имаат задача да евакуираат членови на американските дипломатски мисии од регионот, како и американски државјани ако биде тоа потребно – изјави портпаролот на кипарската влада, кој додаде дека барањето се однесува само на целосно хуманитарни операции.