Според новиот извештај на кинеската Национална управа за девизи, кинеските туристи потрошиле 127,5 милијарди американски долари во првата половина на 2019 година во странство. Како резултат на тоа, Кина е на прво место на туристичкиот пазар уште од 2012 година.

Кинеските туристи потрошиле најмногу пари во Азија, дури 54 проценти од вкупниот износ. На второ место е Америка со 24 проценти и на трето Европа со 13 проценти.

Шопингот сè уште е нешто на кое најмногу трошат, па кинеските туристи се познати по трошење на скапи брендови.