Кинескиот активист за човекови права и уметник, Аи Веивеј, го посети основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, во затворот Белмарш во Лондон, пренесува „Спутник“.

Аи Веивеи беше придружуван од таткото на Асанж, Ричард Асанж.

Асанж во моментов отслужува 50 седмици во лондонскиот затвор поради кршење на условите за кауција во 2012 година, кога се засолни во Амбасадата на Еквадор во Лондон за да ја избегне екстрадицијата во Шведска поради обвиненија за сексуален напад.

Лондонскиот суд се очекува да го одржи првото сослушување за можната екстрадиција на Асанж во САД на 14 јуни.