Власта во Кина ја има Кинеската комунистичка партија (ККП) откако партијата предводена од Мао Ѕетунг ги порази националистичките ривали и ја основаше Народната Република во 1949 година. ККП сега има 91,9 милион членови. Бројот на жени во партијата сепак е мал. Во 2019 година во неа членувале околу 25,6 милиони жени додека во партијата има 66,3 милиони мажи. Во партиската елита речиси и да нема жени, освен една, Сун Чунлан, меѓу 25-те члена на Политбирото, кое е главното тело за донесување одлуки во партијата.
Националниот конгрес на ККП се состанува на секои пет години за да се одобрат значајни политики и да се избере Централниот комитет, кој има околу 370 члена и заменици, вклучувајќи министри, високи регулаторни службеници, провинциски лидери и воени офицери. Централниот комитет служи како одбор на директори за ККП и неговата задача е да го избира Политбирото. Како што веќе старее населението на Кина, така тоа се одрази и врз партијата. Во 2019 година, повеќе од една третина од членството на партијата беше на возраст од најмалку 61 година. Откако дојде на власт во 2012 година, претседателот Си Џинпинг ја консолидира моќта врз партијата. Си го поттикна законодавното тело на Кина да го укине ограничениот претседателски мандат што му го отвори патот за доживотно владеење.