Мајкл Спавор (лево) со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун

Министерството за надворешни работи на Канада се обидува да оствари контакт со вториот Канаѓанец за кој се верува дека е притворен од кинеските власти под сомнение дека се обидува да ја наруши државната безбедност на оваа земја, пренесува британски Би-би-си.

Станува збор за бизнисменот Мајкл Спавор, кој ги контактирал канадските власти оваа недела и ги обавестил дека бил испрашуван од страна службеници од кинеската влада. Претходно, во Кина беше уапсен и поранешен канадски дипломат, под слични сомненија.

Во медиумите и јавноста се смета дека ова е реакција на Кина по апсењето на извршната директорка на телекомуникацискиот гигант Хуавеи на први декември во Канада, по барање на САД. Моментално, американските власти бараат екстрадиција за главната финансиска директорка на кинеската компанија Менг Ванжу, под сомнение дека ги прекршила трговските санкции кои ги има поставено САД врз Иран.

Кои се уапсените Канаѓани?

Мајкл Спавор е бизнисмен сместен и работи во градот Дандонг, близу до кинеската граница со Северна Кореја. Се смета дека тој е сериозно поврзан со севернокорејската влада. Интернационалната групација за кризи смета дека канадските власти треба да бидат за грижени за здравјето и безбедноста на поранешниот дипломат Мајкл Ковриг, за кој исто така нема многу информации.

Според медиумите и јавноста, двајцата канаѓани се уапсени како реакција на притворот за Менг Ванжу иако по притворот на Ковриг, Канада рече дека нема индикации дека постои било каква поврзаност меѓу двата случаи. Официјални извори од Канада објавија дека причините за притворот на Ковриг не се јасни, додека државните кинески медиуми известија дека тој е уапсен поради сомневања дека вршел активности кои би наштетиле на кинеската државна безбедност.

Кога станува збор за Мајкл Спавор, кинеските државни медиуми потврдија дека тој е под истрага од страна на кинеските власти под слични сомненија како оние на Ковриг. Спавор раководи со организација која организира бизнис, културни и туристички патувања во Северна Кореја, но и самиот тој често ја посетува оваа земја. Познат е по тоа што во 2013 година, тој е еден од луѓето кој ја организирал посетата на поранешната НБА ѕвезда Денис Родман во Северна Којера.

Иако финансиската директорка на Хуавеи беше пуштена во вторникот откако беше исплатена кауција од 7.4 милиони долари, сè уште постои можност таа да биде екстрадирана во САД.