Светската туристичка организација при ООН во своето истражување открива дека приходите од туризмот растат побрзо за разлика од оние во трговијата. Приходите од меѓународниот туризам значат отворање нови работни места, подем на претприемаштвото и подобри животни услови за луѓето и локалните економии, додека истовремено се намалува трговскиот дефицит во многу земји. Следејќи го долгогодишниот тренд, Европа води во туризмот со тоа што само лани имала 713 милиони туристи. Кина е најголемиот потрошувач во меѓународниот туризам, со потрошени 277,3 милијарди долари лани.