Првата тибетска електрифицирана пруга, која го поврзува главниот град на регионот, Ласа, со градот Ниинчи, е дел од она што Пекинг го нарекува „проект на векот“ – градење на втората железничка врска на Тибет со внатрешноста на Кина. Според извештајот на „Економист“, пругата од Ласа до Ниинчи чини 5,7 милијарди долари и треба да започне со работа од 30 јуни. Кинеските власти го нарекуваат овој проект подарок за 100-от роденден на Комунистичката партија, кој официјално треба да се прослави на 1 јули.
Изградбата на делницата од 435 километри што ги поврзува Ниинчи и Ласа започна во 2015 година и е дел од железничкиот проект од 1.900 километри Сишуан – Тибет. Новата железничка пруга се протега блиску до североисточниот дел на Индија, а критичарите велат дека железницата поттикнува прилив на мигранти, кои го загрозуваат културниот интегритет на Тибет.