Лидерите на Кина, Јапонија и Јужна Кореја повторија на трилатералниот самит дека остануваат посветени на ставање крај на севернокорејската нуклеарна и ракетна програма.

Покрај Северна Кореја, темите за средбата меѓу кинескиот и јапонскиот премиер Ли Кечијанг, Шинзо Абе и претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин беа слободната трговија и економската соработка.

Ли, Абе и Мун се согласија дека дијалогот и консултациите се единствениот ефикасен начин за решавање на проблемите на Корејскиот Полуостров, пренесува АП.

– Нашите три земји се подготвени да работат заедно со меѓународната заедница за решавање на прашањето на Корејскиот Полуостров на политички начин – рече Ли на заедничката конференција за новинарите по состанокот.