За првпат на 27 јули, Пекинг лансирал ракета што вклучува систем за „деливо орбитално бомбардирање“, кој ќе може да ослободи „хиперсоничен проектил“, со можност и за нуклеарна боева глава, да се движи околу Земјата, информира лондонски „Фајненшел тајмс“ минатата недела.
Кина спроведе втор хиперсоничен тест на 13 август, напиша весникот. Оттаму првично објавија дека првиот тест е направен во август, наместо на крајот на јули.
Инаку, во најновиот извештај на весникот се наведува дека ракетниот тест ги „вчудовидел“ американските воени припадници и разузнавачи во врска со напредокот на кинеската војска. Понатаму во него се вели дека американските научници „се труделе да го разберат“ капацитетот на хиперсоничното оружје, „кое САД не го поседуваат во моментот“.