Во Пекинг со воена парада се одбележуваат 70 години од основањето на Народна Република Кина, во моменти ога земјата се соочува со бројни предизвици, меѓу кои се и повеќемесечните антивладини протести во Хонк Конг и економската војна со САД.

Воената парада во која учествуваат неколку десетици илјади војници, ја следи претседателот Си Џинпинг, облечен во сива униформа, како онаа што ја носеле кинеските лидери во време на создавањето на Републиката.