Кинески владин претставник изјави дека западни политичари ги поттикнуваат немирите во Хонгконг со цел да создадат проблеми кои ќе го закочат кинескиот напредок.

Ханг Гуанг, портпарол на владината канцеларија за Хонгконг и Макао изјави дека со таквите обиди нема да се постигне ништо бидејќи Пекинг нема да толерира надворешно мешање во внатрешните прашања на поранешната британска колонија.

Тој не спомна конкретни поединци или држави, но посочи дека некои политичари даваат неодговорни изјави и ги охрабруваат протестите.

Масовните и неретко насилни антивладини протести во Хонгконг избувнаа откако владата сакаше да донесе закон според кој жителите на Хонгконг може да бидат екстрадирани на судење во Кина, што предизвика голема вознемиреност и загриженост во оваа поранешна британска колонија, која има статус на посебен кинески административен регион.

Иако лидерката на Хонгконг, Кери Лам, призна дека работата на владата на тој закон е комплетен неуспех, целиот случај предизвика голема политичка криза.