Предлог-мерката објавена од Министерството за земјоделство наведува загриженост за благосостојбата на животните и спречувањето на пренесување на болести од животни на луѓе како, фактори што стојат зад овој чекор, пренесува „Гардијан“.

– Ова е прв сигналот од министерството дека кучињата не се животни за храна. Со што ја остава вратата отворена за локалните власти да го следат водството на Шенжен – изјави Пол Литлфер, меѓународен шеф на Кралското друштво за спречување на суровоста кон животните.

Градот Шенжен неодамна ја одобри првата забрана во Кина за консумирање месо од кучиња и мачки, што им даде надеж на групите за благосостојба на животните во светот, дека и другите делови на земјата наскоро би можеле да ја воведат ваквата практика.