Тајван денеска остро ја критикуваше Кина, чии воени авиони, по повод одбележувањето на националниот празник, влегоа во одбранбената зона на тој остров.

Тајван постојано се жали од почетокот на годината за постојано влегување на кинеските воздухопловни сили во воздушниот простор на островот.

Тајвански борбени авиони полетаа вчера откако во два наврати 38 кинески авиони влегоа во спорниот воздушен простор.

Министерството за одбрана на Тајван објави дека борбените авиони ги предупредиле Кинезите, додека противвоздушните системи ја следеле нивната траекторија.

Како што наведуваат оттаму, во првата рација имало 18 авиони „Ј-16“ и четири авиони „Су-30“ со два бомбардера „Еџ-6“ и авион против подморница, а во втората десет „Ј-16“ и два Еџ-6 кои влегле во спорниот дел и авион за рано предупредување.

Според Министерството за одбрана, во првиот напад, кинески авиони прелетале над областа во близина на островот Пратас, а двата бомбардери биле многу поблиску до островот.

Вториот напад бил кон каналот Баши, кој го одделува Тајван од Филипините и го поврзува Пацификот со Јужното Кинеско Море.

Кина се уште не ја коментираше објавата на Министерството за одбрана на Тајван.