Кинеските власти ставиле во затвор стотици кинески чиновници кои не успеале да се справат со прекршувањата на прописите за заштита на животната средина откриени за време на инспекцијата минатата година, соопшти кинеското Министерство за животна средина.

Вкупно 4.305 лица во 10 провинции и области се сметаат за одговорни за неуспех да се справат со прекршоците. Некои се затворени, а на други им е наложена парична казна.

Кон крајот на мај инспектори на централната Влада почнаа повторно да ги проверуваат случаите на прекршоци констатирани при националната еколошка ревизија минатата година, и открија дека многу проблеми останале нерешени или не биле решение како што треба.

Казните за овие прекршоци изнесуваат вкупно 510 милиони јуани (77,13 милиони долари) и се наложени на прекршители во 10 области. Проверката вклучувала 28.076 случаи на прекршување на одредбите.

Кина веќе пет години води борба со загадувањето и претседателот Си Џинпинг во мај вети дека ќе ја искористи целата моќ на Комунистичката партија за да се справи со долготрајните еколошки проблеми во земјата.