Официјален Пекинг објави дека ќе забрани влез за американските сенатори Марк Руби и Тед Круз на територијата на Кина.

Забраната се однесува и на конгресменот Крис Смит и амбасадорот за верска слобода Сем Браунбек поради критикување на политиката на владејачката Комунистичка партија кон малцинствата и верниците, објави „АП“.

Претставникот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Џунинг, оцени дека американските активности сериозно ги нарушиле кинеско-американските односи и дека Пекинг е решен да го зачува националниот суверенитет на Кина од надворешно мешање во домашните политички прашања.