Кинескиот парламент речиси едногласно го усвои нацрт-законот за национална безбедност за Хонгконг, како одговор на протестите во некогашната британска колонија.

Речиси 3.000 пратеници во парламентот го усвои законот, кој веќе предизвика реакции во САД.

Американските власти вчера соопштија дека Хонгконг веќе ја нема автономијата која им беше ветена од кинеските власти, со што се отвора пат САД да го укинат преференцијалниот трговски и финансиски статус на поранешната британска колонија, која го имала од кога е вратена под управа на Кина во 1997 година.

Во меѓувреме, интервентна полиција е распоредена околу зградата на Законодавниот дом во Хонгконг, каде пратениците би требало да расправаат за нацрт-законот.