Кина воведе санкции за 28 лица од Америка, вклучително и официјални лица од поранешната администрација на Трамп, обвинувајќи ги за кршење на кинескиот суверенитет. Меѓу оние на кои им беа изречени санкции е и Мајк Помпео, пренесува Блумберг.

Како што наведуваат, причината за тоа се „бесмислени постапки со кои опасно се вмешале во внатрешните работи на Кина“, објави кинеското Министерство за надворешни работи.

– Овие лица и членови на нивните семејства не можат да влезат на територијата на Кина, Хонгконг и Макао. Исто така, на нивните компании, институции поврзани со овие лица, им е забрането да имаат какво било деловно работење со Кина – се вели во соопштението на Министерството.

Кина ја објави оваа информација по инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден.