Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун најави дека Пјонгјанг го напушта мораториумот за развој на нуклеарно оружје и интерконтинентални балистички ракети. Според него, светот во 2020 година ќе биде сведок на ново стратешко оружје и дека Северна Кореја ќе преземе некои „шокантни“ активности, според севернокорејските државни медиуми.

„Светот ќе биде сведок на ново стратешко оружје што Северна Кореја ќе го поседува во блиска иднина“, вели тој и додава: „САД продолжуваат да ги зголемуваат барањата од нас наспроти фундаменталните интереси на нашата земја и имаат нападен став.Никогаш нема да го продадеме нашето достоинство“.

Ким Џонг-ун предупреди дека САД наскоро ќе видат „шокантни“ активности од Пјонгјанг со што Америка ќе плати за целата болка што му ја нанесе на севернокорејскиот народ.