Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун го поканил американскиот претседател Доналд Трамп на состанок во Пјонгјанг, објави јужнокорејскиот весник „Чунан Илбо“. Според весникот, поканата била содржана во писмото испратено од Ким до Трамп во втората половина на август.

Лидерите на двете земји досега се сретнаа три пати – во Сингапур и Ханој, како и во демилитаризирана зона меѓу Јужна и Северна Кореја.