Северна Кореја нема наскоро да се откаже од нуклеарното вооружување, но би можела да отвори сендвичарница за брза храна во Пјонгјанг, според новиот извештај на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), пренесува весникот „Њу Зиланд хералд“. 

Истражувањето на ЦИА е правено со цел за проценка на целите на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, во пресрет на планираната средба со американскиот претседател Доналд Трамп, чие одржување сега е неизвесно. Самитот беше откажан, но Трамп навести оти би можел да се одржи на 12 јуни.

– Сите знаеја дека денуклеаризација нема да се случи – се наведува во извештајот, кој сугерира дека Северна Кореја би можела да дозволи одредени американски инвестиции во инфраструктурата на државата.

Но, Ким Џонг-ун, наводно, размислувал за отворање на сендвичарница од западен синџир за брза храна како гест на добра волја, имајќи ја предвид докажаната љубов на Трамп кон брзата храна.

На митинг во Атланта во 2016 година, Трамп, порача оти верува дека би можел да го наведе Ким Џонг-ун да се откаже од нуклеарниот аресенал, доколку тие „јадат хамбургери на конференциска маса“, наместо да имаат формална државничка вечера.

Американскиот претседател обожува брза храна