Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун на историскиот состанок со претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин со себе повел голем број телохранители.

Кога дошло време за ручек, севернокорејскиот лидер влегол во својот луксузен автомобил и се одвезол на својата страна од границата, додека 12 телохранители трчале покрај автомобилот.

Како што Ким изјави за време на состанокот, „срцето му биело како лудо“, па се погрижил и неговото обезбедување да се солидаризира со него.