Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, ја назначи поранешната девојка и поп-ѕвезда, Хјон Сонг-вол, за негов главен соработник. За Сонг-вол во јавноста се појавија гласини дека е наводно погубена поради снимање на еротски филм, пишува новозеландскиот „Хералд“.

Ким (35) наводно ја познава пејачката Хјон Сонг-вол (42) уште од тинејџерските години, а минатата недела парот беше фотографиран заедно во посета на фабрика и на отворањето на гимнастичарските игри и уметнички перформанси.

Хјон Сонг-вол се прослави во 2005 година, со песната за текстилните работнички во непријателските држави.

Според медиумите на Јужна Кореја, пејачката го разлутила лидерот на Северна Кореја со снимање на еротски филм.

На почетокот на годинава, јужнокорејскиот весник „Чосун Илбо“ објави дека Хјон и други изведувачи биле погубени од страна на стрелачки тим.