Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија, каде утре во Владивосток ќе се сретне со рускиот претедател Владимир Путин.

За неговото пристигнување на железничката станица Хасан во Приморскиот регион, беше приреден дочек со цвеќиња и традиционално добредојде со леб, пренесе агенцијата РИА.

Руски војници се забележани како маршираат во формација надвор од железничката станица во Владивосток, како подготовка за пристигнувањето на Ким.

Заедно со Ким во возот патувала и екипа на државната телевизија. Ова е прва средба на севернокорејскиот лидер со рускиот претседател.

Кремељ соопшти дека двајцата лидери ќе се сретнат утре во близина на Пацифичкиот крајбрежен град Владивосток и ќе разговараат за нуклераниот проблем на Корејскиот полуостров.

Според информациите, Ким ќе бара поддршка по неуспешните разговори со американскиот претседател Доналд Трамп.