Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун вчера пристигна во Сингапур, два дена пред долго очекуваниот самит со претседателот на САД, Доналд Трамп. Предвидено беше Ким да оствари средба со сингапурскиот премиер Ли Ксијен Лунг.
Трамп претходно порача дека наскоро заминува во Сингапур на „мировна мисија“ на самитот со севернокорејскиот лидер.
– Ким ќе има само една шанса во форма на самитот во Сингапур – истакна шефот на Белата куќа.