Севернокорејскиот лидер Ким Jонг-ун денес му оддаде почит во мавзолејот на неговиот дедо Ким Ил-сунг, одбележувајќи го роденденот на основачот на државата, познат и како Денот на сонцето, пренесе агенцијата „КЦНА“.

Ким и неговата сопруга Ри Сол-ју го следеа настапот и танцувањето во палатата на сонцето Кумсуман, каде што почиваат неговиот татко и дедо, објави „Ројтерс“.

– Кога заврши приредбата, публиката му наздрави на генералниот секретар, односно лидерот на севернокорејската Работничка партија, Ким Јонг-ун – се наведува во извештајот.

Претходно овој месец, Северна Кореја соопшти дека нема да учествува на Олимписките игри во Токио поради загриженост за коронавирусот, што ги уништи надежите на Јужна Кореја дека игрите би можеле да бидат место за продолжување на мировните разговори.

Северна Кореја тврди и дека немала случаи на коронавирус.