Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун е во дводневна посета на Кина, каде што се претпоставува дека со кинеското раководство ќе разговара за понатамошните чекори по минатонеделниот самит со претседателот на САД, Доналд Трамп.
Ова е трета посета на Ким на Кина за три месеци. Во март неговата прва посета во странство откако дојде на власт во 2011 година беше токму на Пекинг, а во мај го посети градот Далијан во североисточна Кина, наведува Би-би-си.